мн. базилики
Вид збор: Именка, женски род
Стара христијанска црква, христијански храм со правоаголна форма и со високи столбови.
мн. балвани
Вид збор: Именка, машки род
Неизделкано дебело дрво, неизделкана дебела греда, подолг трупец.
Примери:
Се превртував врз густиот вител греди, балвани, откорнати брестови.
мн. балкони
Вид збор: Именка, машки род
Издадена мала заградена тераса на куќата.
Англиски:
balcony
Турски:
balkon
Албански:
ballkon
Примери:
куќа со два балкона
мн. балустради
Вид збор: Именка, женски род
Калапено столпче, квадратно или кружно по облик, направено од камен, дрво или метал, кое го носи ѕидниот покрив.
мн. банки
Вид збор: Именка, женски род
Зграда во која е сместена установата за работа со парични средства на граѓаните и на правните субјекти.
Англиски:
bank
Албански:
bankë
мн. банкини
Вид збор: Именка, женски род
Раб што го ограничува патот и служи како заштита на коловозот од одронување.
Англиски:
shoulder
Албански:
bankinë, bankat
мн. бањи
Вид збор: Именка, женски род
Капалиште, просторија за капење во куќа или во стан.
Примери:
Куќата имаше бања и убав француски кревет.
мн. баражи
Вид збор: Именка, машки род
брана, пречка, преграда
Англиски:
barrage
Албански:
pengesë
мн. бараки
Вид збор: Именка, женски род
Ниска зграда од штици што служи за живеење или привремено сместување.
Примери:
Луѓето живеле во оставените бараки.
мн. барутани
Вид збор: Именка, женски род
Зграда во која се чува барут и друг експлозивен материјал.
Примери:
Ја отворија барутаната.
мн. басамаци
Вид збор: Именка, машки род
скалило на скала
Англиски:
step
Албански:
trap i shkallës
Примери:
Застана на басамакот да земе здив.
мн. баскии
Вид збор: Именка, женски род
летва
Англиски:
lath
Турски:
baskı
Примери:
Ќерамидите се ставаат на баскии.
мн. бастиони
Вид збор: Именка, машки род
Издаден дел од бедем на тврдина; кула на тврдина.
Англиски:
bastion
Албански:
bastion
Примери:
Во градот имаше неколку бастиони.
мн. баџи
Вид збор: Именка, женски род
оџак, димник
Англиски:
chimney
Турски:
baca
Албански:
baxhë
Примери:
Чадот од полусувите цепаници одвај излегуваше низ чатијата и баџата на неговата ниска куќарка.
Прозорче на покрив од куќа.
Англиски:
skylight
Албански:
dritare kulmi
Примери:
А од баџата ако нѐ види свети Јован?
мн. бедеми
Вид збор: Именка, машки род
Висок, дебел ѕид, насип околу тврдина, гради др.
Англиски:
bulwark
Турски:
beden
Албански:
mur
Примери:
Од височините на бедемот стражарите гледале што се случува во дворот.
мн. безистени
Вид збор: Именка, машки род
Пазар под покрив, покриена чаршија.
Примери:
Трговците од безистенот биле многу богати.
(едн.) бетонот
Вид збор: Именка, машки род
Градежен материјал, смеса од цемент, песок и вода.
Примери:
Таму, на крајот на земјината срцевина е темелот на камен и бетон.
бетонираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Постави, поставува бетон, обложи, обложува со бетон.
Примери:
Соседите ја бетонираа патеката.
бетонираниот
Вид збор: Придавка
Што е обложен со бетон.
Примери:
Бетониран под.
бетономешалка
повеќе
мн. бетономешалки
Вид збор: Именка, женски род
Машина за мешање бетон.
Примери:
Нова бетономешалка.
бетонска
Вид збор: Придавка
Што е од бетон.
Примери:
Бетонски столб.
мн. библиотеки
Вид збор: Именка, женски род
Установа, зграда или просторија каде што се чуваат и читаат книги.
Англиски:
library
Албански:
bibliotekë
Примери:
универзитетска библиотека
мн. бидеа
Вид збор: Именка, среден род
Bид мала порцеланска када во санитарна просторија што служи за подмивање.
Англиски:
bidet
Албански:
bide
Примери:
Бело биде.
мн. била
Вид збор: Именка, среден род
Највисоко поставена греда од покривот на куќата.
Англиски:
rooftree
Албански:
dyrek kulmi, tra
Примери:
Кај некои стари селски градби сѐ уште стои украсот врз билото.
мн. бини
Вид збор: Именка, женски род
зграда, куќа
Англиски:
building
Турски:
bina
Албански:
bina, ndërtim
Примери:
За три дена направија голема бина, сите жители се почудија.
мн. блокови
Вид збор: Именка, машки род
Целина, низа од згради или друг вид градежни објекти.
Англиски:
building
Албански:
bllok ndërtesash
Примери:
Тој живее во блокот кај Градски ѕид.
мн. бољмиња
Вид збор: Именка, среден род
Тенок ѕид од плитар.
Примери:
Куќата беше со плитар и бољме.
(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Борово дрво, градежен материјал од борово дрво.
Примери:
Од четинарите најчесто се користи боровината за изработка на прагови.
мн. брани
Вид збор: Именка, женски род
Насип, вештачка преграда од земја, од бетон што го спречува течењето, движењето на водена маса до одредена височина.
Англиски:
dam
Албански:
pendë, pellg
Примери:
Кај Маврови Анови ќе се крене голема земјена брана.
бронзениот
Вид збор: Придавка
Што е од бронза.
Примери:
Бронзен штит.
(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Архитектонски стил од втората половина на дваесеттиот век.
Примери:
Брутализмот се карактеризира со доминантна бетонска конструкција.
мн. будоари
Вид збор: Именка, машки род
Мал, елегантно украсен женски салон во станот.
Англиски:
boudoir
Француски:
boudoir
(едн. ) буковината
Вид збор: Именка, женски род
Буково дрво, градежен материјал од буково дрво.
Примери:
Од одајчето идеше киселикава миризба на сурова буковина.
мн. бунгалови
Вид збор: Именка, машки род
приземна дрвена куќа
Примери:
За празникот изнајмивме бунгалов.